Достапни линкови

Осудените за Монструм ослободени од затвор во Косово


Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Двајцата осудени како директни извршителите на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро во 2012 година, познато како случај Монструм, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се ослободени од судот во Косово, а властите во Приштина го отфрлиле македонското барање за екстрадиција, објави весникот на албански јазик Коха, но нема официјална потврда ни од македонските, ни од косовските власти. Двајцата во отсуство беа осудени на доживотни казни затвор од судот во Скопје. Во Косово беа во затвор за друго кривично дело.

XS
SM
MD
LG