Достапни линкови

Ердоган упати критики кон ОН за бегалците


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати критика кон Обединетите нации поради нивното барање Турција да ја отвори границата за новите десетици илјади сириски бегалци и ги обвини ОН за неефикасност. Високиот комесар на ОН за бегалци вчера ја повика Турција да им дозволи влез „на сите цивили, кои бегаат од опасност и бараат меѓународна заштита“. Ердоган наведе дека ОН ѝ дале 455 милиони долари на Турција, која има потрошено 10 милијарди долари за бегалците од 2011 година.

XS
SM
MD
LG