Достапни линкови

ЕК: Земјите од Балканот да работат на сместување на бегалците


Европската комисија (ЕК) ги повика денеска земјите по должина на балканската рута на мигранти и бегалци кои одат кон Европа, да направат повеќе во обезбедување засолниште за луѓето кои бегаат од судири или сиромаштија, и „итно да го забрзаат обезбедувањето приемни капацитети“.ЕК, во денеска објавениот извештај, наведува дека во моментот се расположливи или се подготвуваат само околу половина од 50 илјади места, колку што лидерите на балканските земји ветија минатата година дека ќе обезбедат за сместување на луѓето од мигрантската рута. Во извештајот се оценува дека балканските земји „сега мора итно да го забрзаат обезбедувањето приемни капацитети“.

XS
SM
MD
LG