Достапни линкови

Лавров и Кери - Потребен е прекин на огнот во Сирија


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека министерот Сергеј Лавров денеска телефонски разговарал со неговиот американски колега Џон Кери за претстојните разговори за Сирија. Двајцата се согласиле за потребата од прекин на огнот во Сирија и обезбедувањето хуманитарна помош за блокираните области, соопшти министерството. Кери и Лавров утре во Минхен треба да се сретнат со министрите за надворешни работи од Европа и од Блискиот Исток во обид да ги заживеат напорите за окончување на петгодишната војна во Сирија. Мировните разговори меѓу сириската влада и опозицијата кои се водеа со посредство на ОН во Женева минатата недела пропаднаа по офанзивата на силите на претседателот Башар ал-Асад со поддршка на руската авијација против бунтовниците кои ја имаат поддршката на Западот.

XS
SM
MD
LG