Достапни линкови

Димитриев: Функционерите да обезбедат слободно право на глас


Премиерот Емил Димитриев испрати инструкција и писмена изјава до сите носители на државни и јавни функции во која повикува на обезбедување на слободата на правото на глас на граѓаните, информираат од Владата. Во писмото се вели дека правото на глас е загарантирано со Уставот и законите и дека никој не смее да го повика избирачот на одговорност заради гласањето.

„Затоа ве повикувам да бидете внимателни и да не дозволите вашите активности или работа на ниеден начин да не бидат сфатени или разбрани како потенцијален притисок или заплашување на гласачите“, стои во писмената изјава на Димитриев која е пратена до сите носители на државни и јавни функции.

XS
SM
MD
LG