Достапни линкови

Турција да го запре илегалното преминување кон Грција


Европската унија инсистира Турција „итно“ да го запре илегалното преминување на мигрантите кон Грција, се наведува во извештајот на Европската комисија. Од минатата година околу 880 илјади луѓе од Турција пристигнале во Грција и оттаму продолжиле кон Германија и други земји-членки на ЕУ. Во извештајот на ЕК се посочува дека во јануари над две илјади бегалци дневно влегувале во ЕУ преку Турција. Анкара до 1 јуни треба да го исполни договорот за реадмисија со ЕУ, а исто така треба да го подобри и исполнувањето на билатералниот договор за реадмисија со Грција.

XS
SM
MD
LG