Достапни линкови

logo-print

Ердоган - Поддршката за сириските Курди од САД создава „море од крв“


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикува САД за нивната поддршка за главната сириска курдска организација. Ердоган денеска во Анкара рече дека Вашингтон создава „море од крв“ во регионот со тоа што членовите на Партијата за демократско единство и нејзиното воено крило не ги смета за терористи. Турција вчера го повика претставникот на САД во Анкара за му врачи протест, откако портпаролот на Стејт департментот рече дека Вашингтон не ја смета Партијата за демократско единство за терористичка организација и оти ќе продолжи да ги поддржува нивните операции во Сирија. Анкара на оваа партија гледа како на огранок на Курдската работничка партија, која се бори за автономија на Курдите во југоисточна Турција.

XS
SM
MD
LG