Достапни линкови

План за зајакнување на источното крило на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека се очекува министрите за одбрана на земјите членки оваа недела да ги одобрат плановите за зајакнување на источното крило на Алијансата. Зборувајќи денеска, во пресрет на дводневните разговори на министрите во Брисел, тој рече дека јакнењето на присуството на НАТО во Полска и во другите сојузници што се блиску до Русија „ќе испрати јасен сигнал“.

„НАТО ќе одговори како едно на секоја агресија против кој било сојузник“, рече тој.

Планот предвидува распоредување воена опрема, нова инфраструктура и поголемо присуство на мултинационалните сили. Според извори од НАТО, плановите подготвени како одговор на руската анексија на Крим и мешањето во конфликтот во источна Украина, може да вклучат илјадници војници.

XS
SM
MD
LG