Достапни линкови

Доживотен затвор за убиството кај ПМФ


Алмир Дрпљанин

Алмир Дрпљанин

Доживотен затвор му одреди денеска Кривичниот суд на Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи во 2008 година кај ПМФ. Дрпљанин во отсуство беше осуден на доживотен затвор во 2010 година, но по неговата екстрадиција од Косово во јануари 2015 година, предметот беше повторно вратен во суд.

Дрпљанин е еден од тројцата учесници во заседата за „Алфите“ кај Природно-математичкиот факултет во ноември 2008 година, кога животот го загуби Арифи, а двајца негови колеги беа тешко повредени. Останатите двајца напаѓачи, Реџаил Ќерими и Агим Ислами во 2010 година исто така беа осудени на доживотен затвор, а нивниот помагач Рамадан Шаќири беше осуден на шест години затвор.

XS
SM
MD
LG