Достапни линкови

logo-print

Македонските граѓани ќе плаќаат, странците ќе се лекуваат


Со буџетски пари ќе се градат слободни здравствени зони, но во нив нема да може да се лекуваат македонски граѓани.

Лекарите остро реагираат на идејата на владата за отворање слободна здравствена зона во која треба да бидат сместени болници изградени и основани од странски компании, во кои дејноста ќе ја вршат доктори кои се странски државјани и државјани на Македонија.

Така што не го разбирам проектот. Исто така дека толку ќе доаѓат во Скопје да се лекуваат и дека ќе процветаат хотели и туризмот не верувам, толку многу да се плати ова што ќе се потроши сега, првите 10 години кога нема да плаќаат данок.

Профeсор доктор Никола Пановски коментира дека отворањето слободни здравствени зони е штетен потег, бидејќи претпоставува дека во тие установи ќе работат доктори, медицински сестри од Македонија кои од јавното здравство ќе отидат таму.

„Освен странците, ако воопшто дојдат, се надевам нема да дојдат, друг не знам кој би имал корист, евентуално тој што договара со нив би имал корист. Инаку, тоа е самоубиствен потег, бидејќи државата ќе даде пари за да ги изгуби луѓето кои и досега си одеа во приватни болници и во странство до крај да го докусури јавното здравје и тоа ќе го финансира државата, а во тие установи таму никој нема да може да се лекува“, вели Пановски.

Лекарите исто така не гледаат никаква логика некој од големите европски земји да доаѓа и да се лекува тука, туку, напротив, сметаат дека приказната за здравствен туризам е апсурдна.

Професор доктор Ѓорѓи Оровчанец коментира дека концептот за слободни здравствени зони е нејасен и претенциозен.

„Овие слободни зони како би функционирале не знам. Да направеа бањи, спа-центри, итн. Има други начини. Ова ми делува многу претенциозно, како правиме нешто, а всушност ништо не правиме. Мислам дека ова е набрзина да се изгласа за некој да направи некој ќар, зашто сметаат дека ако не се изгласа сега, друг пат никогаш нема да се изгласа. Што од сето тоа после ќе испадне ќе видиме, но јас не сум оптимист“, вели Оровчанец.

Во текот на собраниската расправа опозицијата се изјасни дека ќе гласа против, затоа што, според нив, со парите од народот ќе се поддржуваат инвестиции во овие зони, а услугите што ќе ги даваат установите што ќе се градат во зоните нема да бидат достапни за граѓаните. Овие установи, како што образложи предлагачот, нема да бидат достапни за граѓаните на Македонија во првите 10 години за да не се предизвика нелојална конкуренција во однос на веќе отворените приватни установи.

Професор Пановски објаснува дека за лекување на наши граѓани во странство Фондот троши од два до три милиони евра годишно и оти тоа е помалку од сумата што владата планира да ја инвестира за отворање на оваа зона.

„Исто така, ако услугите се поскапи од сегашните приватни установи не гледам корист. Цените ќе биле повисоки за 30 отсто од приватните болници, каде што голем дел од нашите пациенти и онака не може да одат. Така што не го разбирам проектот. Исто така дека толку ќе доаѓат во Скопје да се лекуваат и дека ќе процветаат хотели и туризмот не верувам, толку многу да се плати ова што ќе се потроши сега, првите 10 години кога нема да плаќаат данок“, вели Пановски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG