Достапни линкови

logo-print

Попоски - Македонија нема да биде претворена во бегалски камп


Ќе обезбедиме сместување и третман за кои сме обврзани на меѓународно ниво за секој основан барател на азил во Македонија, но во никој случај нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп, бидејќи ниту еден мигрант не е дојден во Македонија со падобран, туку се влезени на наша територија од земја-членка на ЕУ. Ова го порача министерот за надворешни работи Никола Попоски во одговор на новинарско прашање по средбата со неговиот чешки колега Љубомир Заоралек во Скопје. Чешкиот министер истакна дека Прага и понатаму останува на своите ставови за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и нагласи дека земјата е во групата пријатели на Македонија.

XS
SM
MD
LG