Достапни линкови

logo-print

Ирак тешко годинава ќе го освои Мосул од ИД


Ирачка операција за повторно заземање на градот Мосул од милитантите на Исламската држава е тешко остварлива во оваа година. Ова го оцени американскиот генерал полковник Винсент Стјуард. Претходно Багдад објави дека планира да испрати илјадници дополнителни сили во близина на Мосул со цел да се подготват за освојување на овој втор по големина град во Ирак. „Мосул ќе биде сложена операција. Не сум оптимист дека таа може да се случи годинава“, рече Стјуард. Ирачките сили, поддржани од американски воздушни напади, ја вратија контролата врз градот Рамади во декември лани.

XS
SM
MD
LG