Достапни линкови

Клапер: Русија е параноична во врска со НАТО


Џејмс Клапер

Џејмс Клапер

Директорот на американската Национална разузнавачка агенција Џејмс Клапер изјави пред сенатскиот Комитет за оружени сили дека „Русија со агресивните воени акции ризикува односите со Соединетите држави да ги врати на ниво на Студената војна“. Тој оцени дека Русија со воените интервенции во Украина и на други места се обидува да покаже дека е супер сила која може да се изедначи со САД. „Русија е параноична во врска со НАТО. Москва е загрижена поради системот на ракетна заштита, што може да го неутрализира нејзиниот нуклеарен арсенал, неопходен во борбата за статус“, рече Клапер.

XS
SM
MD
LG