Достапни линкови

Трамп и Сендерс победници во Њу Хемпшир


Милијардерот Доналд Трамп победи на републиканските избори за претседателски кандидат во Њу Хемпшир. Во изборите на Демократската партија во истата американска држава победи сенаторот Берни Сендерс. Резултатите покажаа дека Трамп останува главен кандидат за трката на републиканците за Белата куќа на 8 ноември годинава. Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон го призна поразот од сенаторот Берни Сандерс во Њу Хемпшир, но изјави дека се надева оти ќе победи на следните партиски избори во Јужна Каролина и Невада во наредниот месец.

XS
SM
MD
LG