Достапни линкови

Времето денеска: облачно и дождливо


Во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, каде што на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 10 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен повремено силен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

XS
SM
MD
LG