Достапни линкови

Иванов: Подготвени сме да се справиме со илегалните премини


Од поставување на првата ограда Армијата има спречено 19 илјади, а полицијата 14 илјади илегални премини, затоа сега пристапуваме кон втората фаза од поставување заштитна ограда, која има за цел дополнително да ги спречи илегалните минувања и премини на нашата државна граница, истакна претседателот Ѓорге Иванов, кој денеска ја посети јужната граница. Тоа укажува, рече претседателот Иванов, дека со пропуштањето само на бегалците од Сирија, Авганистан и од Ирак, илегалната миграција на економските мигранти се зголемува и тие бараат на секој начин да ја заобиколат регистрацијата и илегално да ја преминат нашата граница. Македонскиот претседател појасни дека мора да се прави разлика меѓу безбедносниот и хуманитарниот аспект на кризата.

XS
SM
MD
LG