Достапни линкови

Владата повторно се задолжи двојно повеќе од најавеното


Владата денеска се задолжи за 15,6 милиони евра, наместо за 7,1 милиони колку што беше најавено и колку што утре доспеваат за враќање. Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов информира дека со денешната аукција на државни хартии од вредност јавниот долг достигна нов рекорден износ од 4 милијарди и 300 милиони евра и оти само досега е реализиран 15 отсто од дефицитот предвиден за 2016 година.

Само минатиот месец, владата позајми двојно повеќе од што беше најавено, односно ја задолжи земјата за 62,5 милиони евра, наместо за планираните 31 милиони евра.

XS
SM
MD
LG