Достапни линкови

Кирацовски се жали на блокиран пристап до документи


Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација од СДСМ, Александар Кирацовски, денеска ја обвини министерката Марта Арсовска Томовска дека вчера противзаконски побарала од вработените во Министерството веднаш да запрат со доставување документи што ќе ги побара тој или неговиот кабинет, истакнувајќи притоа дека за неговите тврдења има и писмен доказ. Тој најави кривична пријава против министерката ако веднаш не го повлече дописот.

Арсовска Томовска негира дека испратила таков допис, туку оти испратила известување до сите вработени, со кое ги известува да запрат со издавање на какви било документи кои содржат лични податоци, затоа што Кирацовски претходно на медиумите им дал службени документи, кои содржат лични податоци за вработени во други институции.

XS
SM
MD
LG