Достапни линкови

ЛДП загрижена дека Македонија ќе стане тампон зона за бегалците


Либерално-демократската партија (ЛДП) како вознемирувачки го оценува фактот што Македонија сè почесто се спомнува како своевидна тампон зона која треба да ги сопре бегалците и на тој начин да ги обезбеди границите на земјите членки на Европската унија и прашува дали некој направил пазар во земјава да се градат бегалски кампови. Партијата го прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дали неговата партија прифатила на македонска територија да се градат бегалски кампови, во кои би се вдомиле од 30 илјади, па сè до 100 илјади бегалци, „притоа целосно занемарувајќи ја безбедноста и сигурноста на македонските граѓани“.

XS
SM
MD
LG