Достапни линкови

Многу работа, а малку време за фер избори


Останува уште многу за комплетирање на Договорот од Пржино и фер избори, но времето е кратко, напиша американскиот заменик помошник државен секретар за демократија труд и човекови права Роб Бершчински на Твитер по средбата со премиерот Емил Димитриев во Скопје.

„Добра средба со премиерот Димитриев во Македонија. Има уште многу за комплетирање на „Пржино“ и фер избори. САД дава поддршка, но времето е кратко“, напиша тој и сподели фотографија од средбата.

На средбата во владата присуствувал и американскиот амбасадор Џес Бејли.

XS
SM
MD
LG