Достапни линкови

logo-print

Дома го чувал телото на мртвата сестра цела година


Илустрација

Илустрација

Полицијата пронајде полураспаднат труп на 49-годишна жена во куќа во Прилеп. Според првичните информации жената била мртва околу една година. Живеела со братот, но се смета дека тој бил со нарушено психичко здравје, велат во истрагата. Полицијата го пронашла телото откако соседите повикале полиција поради непријатна миризба. Телото на починатата е предадено на обдукција. Обвинителството соопшти дека ги презема сите неопходни дејства за расветлување на причините за смртта и зошто настанот не е навремено пријавен.

XS
SM
MD
LG