Достапни линкови

Околу 70 илјади бегалци од Алепо може да пристигнат во Турција


Околу 70 илјади сириски бегалци од Алепо може да стигнат на турската граница, доколку војната во земјата продолжи со истиот интензитет, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу и додаде дека Турција нема да ја затвори вратата за бегалците. Давутоглу го даде овој коментар во обраќање пред пратениците од неговата партија во Парламентот. Турција, која веќе прими 2,5 милиони сириски бегалци, ја држеше границата затворена изминатите денови, кога десетици илјади лица побараа засолниште поради сириските и руските напади во северозападна Сирија, која е под контрола на сириската опозиција.

XS
SM
MD
LG