Достапни линкови

Европските амбасадори со поддршка за Јанева


Сите амбасадори од ЕУ во Скопје изразија силна поддршка за независноста на специјалната обвинителката Јанева и за нејзината работа, напиша денеска евромбасадорот Аиво Орав на Твитер, споделувајќи фотографија од средбата, која не беше јавно најавена, на амбасадорите со обвинителката Катица Јанева. На фотографијата се гледаат амбасадорите на Германија, Франција, Холандија и на други земји од ЕУ.

Јанева во четвртокот се сретна со американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, а од американската делегација во мисијата на ОБСЕ оценија дека изјавите на ВМРО-ДПМНЕ кои ја напаѓаат работата на Специјалната обвинителка се уште еден извор на загриженост и ги повикаа сите партии да ја поддржат нејзината работа.

XS
SM
MD
LG