Достапни линкови

Москва - Нема докази за цивилни жртви од бомбардирањата во Сирија


Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Русија вели дека „нема веродостојни докази“ за цивилни жртви како резултат на руските воздушни напади во Сирија. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков ова го изјави денеска, откако германската канцеларка Ангела Меркел вчера рече дека е „ужасната“ од страдањето предизвикано од руското бомбардирање меѓу цивилите. Тој исто така ги оцени како „погрешни и апсурдни“ обвинувањата од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Русија е вклучена во инвазија во Сирија. Москва ја обвинува Анкара дека планира напад врз Сирија. Русија ги почна воздушните напади во Сирија на 30 септември за да му помогне на претседателот Башар ал-Асад. Турција во ноември собори руски борбен авион по што односите меѓу двете земји сериозно се влошија.

XS
SM
MD
LG