Достапни линкови

Америка - сон за младите кои се спремни да работат


Талентот и ангажираноста му донесоа американска факултетска стипендија на младиот тетовец Игор Томески. Во Пидмонт Колеџ во Џорџија, каде го започна студирањето, Игор изучува двојна диплома - театарска глума и режија и телевизиска продукција. По факултетот, иднината Игор ја гледа во Америка, оти како што вели земјата ги поддржува младите кои се спремни да работат.

Како средношколец во Тетово, сега веќе 20 годишниот Игор Томески слободно време го поминуваше во глума и режирање аматерски филмови, волонтирање при разни настани и проекти, што подоцна му донесе стипендија за универзитетско образование во Соединетите Американски Држави. Високите оценки во средното училиште како и богатата биографија со голем број ангажмани биле пресудни Игор да обезбеди бесплатно студирање во сите четири години.

Бидејќи се занимавам со глума и режија од мали нозе иднината ја гледам во САД, затоа што државата има развиена филмска индустрија, како и театарска. Фактот што Америка ги поддржува младите кои се спремни да работат, ме прави да си ја барам мојата иднина таму.

„Од мали нозе се занимавам со глума, пишување сценарија, режирање на филмови. Имам режирано и напишано три долгометражни филма до моите 16 години. Тоа ги импресионира универзитети во САД. Беше една од клучните работи кои што ги натера да ме финансираат. Покрај моите филмови, тука е моето долгогодишно актерско искуство, мојата волонтерска настроеност да помогнам во културното развивање на градот Тетово со моите филмови како и мојот висок академски перформанс“, вели Игор.

Талентот и способностите на Игор му донесоа и членство во Нобеловото здружение за истакнати светски матуранти. Тоа дури му овозможува да избира и нов повисоко рангиран факултет за да го продолжи школувањето.

„Нобеловото здружение има за цел да отвора поголеми врати за овие истакнати ученици. Нобел помага во разни начини преку давање разни стипендии, преку поврзување на учениците со разни организации, како и други високо-рангирани универзитети насекаде во Америка. Во декември 2015 покрај моето членство во Нобеловото здружение ми беше дадено и интернационално признание и парична награда за моето долгогодишно режисерско залагање во Македонија. Наградата беше доделена врз основа на моите три долгометражни филма кои што сум ги изработил до моја 16 годишна возраст што Нобел го смета за реткост и големо достигнување“, објаснува тој.

По факултетот, иднината Игор ја гледа во Америка.

„Бидејќи се занимавам со глума и режија од мали нозе иднината ја гледам во САД, затоа што државата има развиена филмска индустрија, како и театарска. Фактот што Америка ги поддржува младите кои се спремни да работат, ме прави да си ја барам мојата иднина таму“, смета младиот тетовец.

Во Пидмонт Колеџ во Џорџија, каде го започна студирањето, Игор изучува двојна диплома - театарска глума и режија и телевизиска продукција.

XS
SM
MD
LG