Достапни линкови

Почна судењето за Диво насеље


Под силно полициско обезбедување денеска почна судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановско Диво насеље во мај минатата година. При влезот во Врховниот суд каде што се одржува судењето, беше извршена темелна проверка на сите кои треба да присуствуваат на судењето. Засилени безбедносни мерки беа преземени и околу судот и локалните сообраќајници, а за време на доведувањето на обвинетите местото го надлетуваа полициски хеликоптери. Обвинетите се товарат за тероризам и терористичка организација.

Во декември минатата година сите 29 обвинети пред Советот од судии од Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановско Диво насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

XS
SM
MD
LG