Достапни линкови

Откази поради лажни дипломи во Хрватската радио-телевизија


Стручната служба на Хрватската радио-телевизија (ХРТ) при проверка на документите за стручната подготовка на вработените, досега пронашла 16 лажни документи - четири факултетски дипломи и дванаесет средношколски свидетелства, по што сопствениците на тие документи добиле отказни решенија. Во соопштението на ХРТ не се наведува на кои работни позиции биле вработените со фалсификувани средношколски свидетелства, но меѓу оние со лажни дипломи, како што се открива, биле сметководител, вработен во секторот за размена на видео материјали и мајстор за осветлување. Според последните податоци ХРТ имаше 2.851 вработени.

XS
SM
MD
LG