Достапни линкови

Почина хашкиот затвореник Здравко Толимир


Поранешниот генерал на воените сили на Република Српска Здравко Толимир.

Поранешниот генерал на воените сили на Република Српска Здравко Толимир.

Поранешниот генерал на воените сили на Република Српска Здравко Толимир почина синоќа во затворската ќелија во притворската единица на Хашкиот трибунал, пренесува МИА. Толимир во април минатата година во Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор поради злосторства врз муслимани од Сребреница, извршени во летото 1995 година. За време на војната, тој му беше помошник за разузнавачко-безбедносни работи на командантот на силите на РС, Ратко Младиќ.

Тој беше уапсен на 31 мај 2007 година за време на преминувањето на границата меѓу Србија и РС, а во притворот на Хашкиот трибунал е префрлен на 1 јуни 2007 година.

XS
SM
MD
LG