Достапни линкови

Најмалку 8 загинати во судар на два воза во Германија


Најмалку осум лица загинале, а над стотина биле ранети, од нив педесетина потешко во денешниот директен судар на два патничка воза на југот на Германија. Несреќата се случила кај Бад Ајблинг на околу 60 километри југоисточно од Минхен. Медиумите јавија дека еден од возовите излетал од шините. Се уште е во тек истрагата за причините на оваа несреќа.

XS
SM
MD
LG