Достапни линкови

Русија ќе одговори на НАТО силите на нејзините граници


Рускиот пратеник во НАТО Александар Грушко

Рускиот пратеник во НАТО Александар Грушко

Рускиот пратеник во НАТО Александар Грушко изјави дека Москва ќе одговори на трупањето сили на Алијансата во близина на границите на Русија. Во телевизиското обраќање тој оцени дека распоредувањето сили на НАТО во источна Европа не може да остане без воено технички одговор од Москва, без да прецизира за каков одговор станува збор. Грушко нагласи дека Русија нема да дозволи да бидат загрозени нејзините безбедносни интереси. Односите меѓу Русија и Западот се влошија од избувнувањето на кризата во Украина, по што Соединетите држави и сојузниците разместија дополнителни сили во централна и источна Европа.

XS
SM
MD
LG