Достапни линкови

Хјуман рајтс воч - Во Сирија се користат касетни бомби


Хјуман рајтс воч соопшти дека во заедничката руско-сириска воена операција се користат меѓународно забранетите касетни бомби. Организацијата денеска соопшти дека касетни бомби биле користени во најмалку 14 напади во пет сириски провинции до 26 јануари. ХРВ вели дека во нападите загинале 37 цивили, меѓу кои шест жени и девет деца и ги повика Русија и Сирија да престанат со користењето касетни бомби. Извештајот на Хјуман рајтс воч се базира на сведочења на очевидци, како на документи обезбедени од медицински лица и новинари. Русија негира дека користи забранети оружја при воздушните напади во Сирија.

XS
SM
MD
LG