Достапни линкови

logo-print

Давутоглу - Ќе ги примиме новите бегалци кога ќе биде неопходно


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека околу 30 илјади Сиријци кои бегаат од руската офанзива во северниот град Алепо пристигнале на турската граница. Зборувајќи денеска на заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Анкара, Давутоглу рече дека ќе ги прими бегалците „кога ќе биде неопходно“, додавајќи дека руските воздушни напади не треба да бидат толерирани со идеја дека Турција ќе ги прифати бегалците. Тој рече дека Турција и Германија се согласиле за заедничка дипломатска иницијатива за запирање на нападите против Алепо.

XS
SM
MD
LG