Достапни линкови

За 4,5 пати зголемен бројот на удавени имигранти на Медитеранот


Бројот на имигранти кои се удавиле во Средоземното Море во јануари годинава е зголемен за 4,5 пати во споредба со истиот период во 2015 година, соопшти денеска европската агенција Фронтекс, пренесува ТАСС.

„Бројот на загинати кои се обиделе да стигнат во Европа преку Средоземното Море изнесува 368 лица, што е за 4,5 пати повеќе во споредба со истиот период минатата година, кога се удавиле 82 лица“, забележува Фронтекс.

XS
SM
MD
LG