Достапни линкови

Курц: Затворањето на границите само ќе го преоптовари Западен Балкан


Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска во Сараево истакна дека Австрија не сака едноставно да ги затвори своите граници и државите од Западен Балкан да ги остави на цедило со проблемот на бегалците, туку тежнее за пронаоѓање заедничко решение, посебно со Србија и Македонија, јави Танјуг. На прес-конференцијата со шефот на босанската дипломатија Игор Црнадак во Сараево, Курц укажа дека, доколку Австрија само ги затвори своите граници, ќе дојде до преоптоварување на Западен Балкан. Според него, сосема погрешно беше што Грција само ги пропушташе бегалците во земјите кои не се членки на ЕУ, зашто само една четвртина од бегалците доаѓаат од Сирија.

XS
SM
MD
LG