Достапни линкови

Договорот за реадмисија меѓу ЕУ и Турција да важи од јуни


Од јуни се очекува да стапи во сила спогодбата за реадмисија меѓу Европската унија и Турција, изјави на прес-конференција портпаролката на Европската комисија Мина Андреева. Таа прецизира дека спогодбата се однесува на мигранти кои немаат право на меѓународна заштита во ЕУ и кои во Европа влегле преку Турција. Со дополнителна спогодба се регулира реадмисијата на турски државјани, кои немаат право на престој во ЕУ. Андреева нагласи дека ЕК предложила Турција да биде вклучена на листата на т.н. безбедни држави, чии граѓани немаат право на политички азил во ЕУ.

XS
SM
MD
LG