Достапни линкови

logo-print

Во Косово само со лична карта


Министрите за надворешни работи на Македонија и на Косово, Никола Попоски и Хашим Тачи, денеска во Приштина потпишаа договор за прекугранично движење на граѓаните на двете земји со биометриски лични карти, како и за отворање на граничниот премин Белановце - Станчиќ. Двајцата министри оценија дека овие договори ќе бидат од корист на граѓаните и на бизнисите од двете земји, а ќе овозможат и зголемена размена на искуства меѓу младите, како и интензивирање на економската соработка. Со биометриска лична карта сега може да се патува во Србија и во Албанија.

XS
SM
MD
LG