Достапни линкови

Штајнмајер: Бегалската криза може да се реши со помош на Грција и Турција


Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер денеска изјави дека бегалската криза во Европа може да се реши со подобра контрола на надворешните граници со помош на Грција и Турција, но и со прекин на конфликтот во Сирија. На прес-конференцијата по средбата со неговиот хрватски колега Миро Ковач во Берлин, директно прашан за предлозите за поместување на надворешната граница на Унијата од Грција кон север, Штајнмајер рече дека неговите колеги од ЕУ едно говорат на состаноци, додека во интервјуа зборуваат за некакво затворање на границите, што, според него, тешко може ќе се случи.

XS
SM
MD
LG