Достапни линкови

logo-print

Нема договор за излез од политичката криза во Косово


Денешната средба на косовската претседателка Атифете Јахјага со лидерите на водечките партии во Косово заврши без да биде постигнат конкретен договор за излез од политичката криза, јавија приштинските медиуми. Политичката криза ескалираше откако трите водечки опозициски партии започнаа протести со цел да го спречат формирањето на Заедницата на српски општини, која според нив ќе „наликува на Република Српска во БиХ“. Премиерот Иса Мустафа ги отфрли ваквите тврдења, нагласувајќи дека Заедницата на српските општини ќе биде формирана во согласност со законите и Уставот на Косово. Како што јави Танјуг, освен Мустафа, на средбата со Јахјага присуствуваа и шефот на косовската дипломатија и прв човек на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, како и лидерите на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, претседателот на Српската листа Славко Симиќ и челникот на Демократската партија на Турците на Косово, Махир Јагџлар. Во својство на набљудувачи на средбата присуствуваа и шефот на Канцеларијата на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар и американскиот амбасадор во Косово, Грег Делавие. Според косовската опозиција, единствен излез од кризата е одржување на предвремени парламентарни избори. Трите водечки опозициски партии во Косово му дадоа рок на премиерот Мустафа до 17 февруари да поднесе оставка и да закаже предвремени избори и се заканија дека доколку тоа не се случи, секој ден ќе одржуваат протести.

XS
SM
MD
LG