Достапни линкови

Поскапување на горивата


Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 0,5, а дизелот за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 58, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 60 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 41 денар. За два денара поскапува и екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 29,5 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 денари за килограм и ќе изнесува 15,246 денари. Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.

XS
SM
MD
LG