Достапни линкови

logo-print

Уапсени членови на ИД кои планирале напади во Русија


Илустрација

Илустрација

Руските власти соопштија дека уапсиле седуммина припадници на исламската држава во уралскиот град Екатеринбург. Федералната служба за безбедност информира дека исламистите, меѓу кои има државјани на Русија и на централноазиските држави, биле уапсени вчера. Службата соопшти дека групата планирала „високопрофилни терористички напади со користење на експлозивни уреди изработени во домашни услови на територијата на Москва, Санкт Петерсбург и во регионот на Свердловск“ на Урал. За време на претресите била пронајдена и лабораторија за изработка на експлозивни направи. Руските власти соопштија дека групата била предводена од член на ИД кој во Русија дошол од Турција и оти по нападите милитантите планирале да заминат во Сирија. Властите во Москва проценуваат дека околу 3.000 руски државјани се борат на страната на Исламската држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG