Достапни линкови

Растат тензиите меѓу Северна и Јужна Кореа


Ден откако Северна Кореа лансира ракета со долг дострел, севернокорејски патролен чамец денеска навлегол во јужнокорејски територијални води. Тој се повлекол откако јужнокорејската морнарица истрелала предупредувачки проектили. На корејскиот полуостров растат тензиите откако Северна Кореа ракета со долг дострел и откако се зголеми загриженоста во врска со нуклеарната програма на таа земја. Јужна Кореа, Јапонија и Соединетите држави сметаат дека ракетниот тест е во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации. Советот веднаш одржа вонредна седница и остро ги осуди овие активности на Северна Кореа, најавувајќи дека ќе воведе нови санкции против Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG