Достапни линкови

Шпанската полиција уапсила седум луѓе поврзани со ИД


Шпанската полиција соопшти дека открила операција за шверц на оружје за странски милитанти во хуманитарна испорака при што уапсила седум лица под сомневање дека имале врски со милитанти на Исламската држава и со Ал Каеда. Акцијата била изведена во источните шпански провинции Валенсија и Аликанте и во шпанската северно африканска енклава Цеута. Тие испраќале оружје, материјали за првање бомби и електронска опрема за Сирија и Ирак. Во исто време германските власти соопштија дека полицијата извршила претрес во домот на две лица во Мајнц за кои се верува дека биле членови на ИД.

XS
SM
MD
LG