Достапни линкови

На Тајван спасена жена по два дена под урнатини


Спасувачите денеска извлекле една жена која била жива под урнатините на една зграда во Тајван што се урнала од силниот земјотрес во кој загинаа триесетина луѓе. Властите соопштија дека околу сто луѓе и натаму се наоѓале затрупани под урнатините во градот Таинан. Над двесте луѓе биле спасени од под урнатите згради. Најавена е истрага за тоа дали биле почитувани сите правила во изградбата на зградите кои се урнале во саботниот земјотрес кој бил со сила од 6,4 степени.

XS
SM
MD
LG