Достапни линкови

logo-print

Меркел во посета на Турција


Десетици илјади раселени сиријци и натаму се на границата со Турција, бегајќи од офанзивата на владините сили поддржани од Русија во Алепо. Турција соопшти дека ќе им помогне на бегалците, главно жени и деца, но границата и натаму останува затворена. Хуманитарните организации предупредуваат на влошување на ситуацијата. Во меѓувреме, германскиот канцелар Ангела Меркел се очекува денеска во Анкара на средби со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Ахмед Давутоглу. Европската унија повтори дека Анкара има обврска да ги држи нејзините граници отворени за бегалците, но исто така и да го намали бранот бегалци кон Западна Европа. Брисел вети дека за таа намена ќе и даде помош на Турција од 3 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG