Достапни линкови

СДСМ бара нов Закон за административни службеници


СДСМ денеска соопшти дека се залага за нов Закон за државна администрација кој ќе се базира на европски модел за напредување според степенот на кариера што ќе зависи од годините поминати во струката и успешноста во работењето.

Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација на прес-конференција рече дека ако дојдат на власт ќе го укинат постојниот закон, кој според него, содржи апсурдни решенија како парични казни за државните службеници и нивно оценување од раководителите и шефовите.

„Главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка, туку стручноста и работното искуство. Предвидени се и други позитивни мерки за администрацијата што ќе им олеснат и на граѓаните, како што е на пример флексибилното работно време што ќе го воведеме во институциите, за што дополнително ќе зборуваме. Наша цел е квалитетна, стручна и ефикасна администрација и задоволни граѓани и тоа заеднички ќе го постигнеме преку мотивација, а не со казни“, рече Кирацовски.

XS
SM
MD
LG