Достапни линкови

Убиени тојца здравствени работници во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека три здравствени работници вклучени во вакцинирање на авганистански деца против полио, биле убиени во источната провинција Кунар. Портпаролот на локалната влада Абдул Гани Мусамим денеска рече дека телата на работниците вчера доцна биле најдени во областа Газиабад, скоро две недели откако исчезнале. Здравтвените работници често се мета во Авганистан и во соседниот Пакистан во областите кои се надвор од контрола на властите.

XS
SM
MD
LG