Достапни линкови

logo-print

Советот за безбедност на ОН ќе дискутира за потегот на Северна Кореја


Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи вонредна седница по лансирањето на ракетата со долг дострел на Северна Кореја. Средбата беше на барање на САД, Јужна Кореја и Јапонија за да се постигне колективен договор како одговор на потегот на Пјогјанг. Средбата почува во пет часот попладнево. Државната телевизија на Северна Кореја соопшти дека лансирањето на сателитот кое го наредил лидерот Ким Јонг Ун, било „целосен успех.“ .“ Јужнокорејските и американските воени претставници соопштија дека лансирањето е маска за тестирање на балистички проектил кој може да носи нуклеарна боева глава, тест кој е забранет од страна на бројни резолуции на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун лансирањето го нарече „длабоко непристојнио“ и потенцираше дека било користено балистичка ракетна технологија.

XS
SM
MD
LG