Достапни линкови

Ердоган: САД да избере кој им е партнер


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази гнев поради официјалната посета на САД на градот Кобани во северниот дел на Сирија кој е под контрола на силите на Курдите. Во коментарите објавени денеска Ердоган вели дека Вашингтон треба да избере меѓу Турција и Курдската партија за демократска унија (ПИД) за негов партнер. „Како можеме да ви веруваме“ праша Ердоган: Дали сум јас вашиот партнер или тоа се терористите во Кобани?“ Коментарите доаѓаат откако високиот дипломат на САД, Брет Мекгурк минатата недела се сретна со членови на ПИД. Военото крило на партијата со помош на коалицијата предводена од САД се борат против групата на Исламската држава во Сирија и во Ирак и пред една година ги отстранија милитантите од Кобани.

XS
SM
MD
LG