Достапни линкови

logo-print

Повик до Ципрас за намалување на тензиите на Кос


Градоначалникот на грчкиот остров Кос, Јоргос Кирицис, го повика премиерот Алексис Ципрас да интервенира во намалување на напнатоста на островот. Во своето писмо градоначалникот апелира до премиерот да нареди повлекување од островот на единиците за борба со безредијата, за да не ескалира напнатоста.

Кирицис, исто така, од премиерот бара да се одложи решението за формирање на таканаречени „жешки точки на островот“ и Владата да прифати да го разгледа предлогот на општинските власти за формирање на само еден центар за регистрација на нелегалните мигранти и бегалци, а регистрираните во период од само 24 часа да бидат префрланина континенталниот дел од земјата.

Жителите на островот Кос последните неколку дена протестираат против создавање регистрациски центар за мигранти на местото на некогашна касарна. Островот Кос, популарна туристичка дестинација, секојдневно прима стотици мигранти, кои пристигнуваат на неговиот брег од соседна Турција. Жителите на островот бараат бегалците под итно да се носат на континенталниот дел, стравувајќи дека напливот на мигранти може да им го уништи туризмот - главниот извор на приходи на островот.

XS
SM
MD
LG