Достапни линкови

logo-print

Спасувачите во Тајван трагаат по 124 луѓе


Спасувачите продолжуваат да трагаат по 124 луѓе за кои се уште се верува дека се заробени под урнатините на 17-катната зграда во тајван, по повеќе од еден ден од земјотресот. градоначалникот на Таинан, Лаи Чинг-те денеска изјави дека многу од исчезнатите се закопани длабокот под урнатините на станбената зграда. Повеќе од 200 се спасени и за 26 е потврдено дека се мртви, по земјотресот од 6.4 степени според Рихтеровата скала кој вчара го погоди Тајван. околу 500 луѓе се повредени. Министерот за внатрешни работи Чен Веи-јен рече дека повеќе луѓе од вообичаено биле во зградата поради празниците за Лунарната Нова Година.

XS
SM
MD
LG